Поранешна грчка телевизиска презентерка на вести, а сега член на Европскиот парламент како претставник на алијансата Маслиново дрво, нападнала американска делегација која на меѓународен настан го употребила уставното име на Република Македонија.На настан организиран во Хаг по повод на 60. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, Ева Каили во своето обраќање ги бранела позициите на Грција, и, како што јавија грчките медиуми, „соодветено“ му одговорила на предводникот на американската делегација, кој се изјаснил во корист на членство на нашата земја во НАТО, користејќи го името Македонија.
Грчката европратеничка, одговарајќи на ставовите изразени од страна на американски сенатор истакнала дека „тоа е дебата која е запрена во ЕУ, затоа што тоа име не е признато“.
Каили додала дека таа „самата доаѓа од Македонија и оти проблемите кои постојат во земјите кои не се во Алијансата, треба исто така да се решаваат надвор од Алијансата, со оглед на тоа што се од клучно значење, не само политичко, туку и историско и финансиско“.
– Никој не може да ни го оспори правото на вето до конечното решавање на ова прашање, па кога ќе кажам дека доаѓам од Македонија, нема да морам да прецизирам на која Македонија мислам, рекла Каили.На настан организиран во Хаг по повод на 60. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, Ева Каили во своето обраќање ги бранела позициите