Единици на грчката интервентна полиција во средата наутро во грчкото пристаниште Пиреа се обидоа да го прекинат штрајкот на вработените во трговската морнарица коишто го блокираат траектниот сообраќај меѓу голем број острови и Атина веќе цела седмица.
Грчката влада во вторникот најави дека ќе прогласи мобилизација на морнарските работници што стапи на сила со испраќањето на интервентните полициски сили кои треба да ги принудат штрајкувачите да се вратат на работа.
Претходно владата на овој начин му стави крај на десетдневниот штрајк на вработените во атинското метро, прогласувајќи граѓанска мобилизација на вработените. Сега возачите и персоналот во атинското метро и трамвајскиот транспорт работат според налогот од владата, а во случај да не се јават на работните места се соочуваат со апсењa.
Грчките телевизии прокажаа кадри на кои се гледаат полицајци распоредени во пристаништето за да ги растурат штрајкувачите кои го попречуваат пристапот на патничките и трговските бродови.
Главниот грчки синдиката на поморските работници PNO, кој во вторникот ја објави намерата да го продолжи штрајкот за уште 48 часови, протестира во прв ред против реформите кои се во тек со кои треба да се намали бројноста на членовите на бродските екипажи,а штрајкот опфаќа, како што е објавено во средата, повеќе од седум илјади поморци од околу 17 илјади активни.
Макфакс
Единици на грчката интервентна полиција во средата наутро во