Грчката опозиција тврди дека САД вршат притисок за енергетската соработка со Русија

Грчката парламентарна опозиција предводена од коалицијата на левите радикални сили СИРИЗА ја критикуваше грчката влада, која во средата потпиша договор со Албанија и Италија за изградба на Транс-јадранскиот гасовод (ТАP) за испорака на азербејџански гас до Европа. Според опозицијата, договорот е по инсистирање на САД, насочен кон енергетската соработка меѓу Грција и Русија.Според соопштението на комисијата за енергетика на СИРИЗА, грчката влада не ги информирала гласачите и партиите за тоа како потпишаниот договор ќе влијае врз другите енергетски проекти, вклучувајќи ја и соработката со Русија на гасоводот „Јужен тек“, како и гасоводот Турција – Грција – Италија (ITGI).Од СИРИЗА забележуваат и за присуството на потпишувањето на договорот на вториот заменик-државен секретар Ерик Рубин. САД претходно изразија надеж дека Грција ќе може да го зголеми снабдувањето со гас, од она што во моментов го добива главно од Русија. Покрај тоа, според грчката опозиција, САД се инволвираат и во процесот на приватизацијата на државната гасна компанија DEPA и нејзината компанија ќерка DESFA, на што претендираат, меѓу другите, и два руски енергетски гиганти „Газпром“ и „Негуснефт“ кој е дел од групацијата „Синтезис“.„Присуството на денешното (во средата) потпишување на (претставници) на САД, и неодамнешната интервенција во тендерот за DEPA/DESFA покажуваат дека САД играат одредена ролја во постапките на актуелната трипартиска влада. Со тоа се потврдуваат нашите процени дека САД го ставија прашањето да не се зајакнуваат нашите енергетски односи со Русија“, сметаат од грчката опозиција.Од СИРИЗА, исто така, прецизираат дека сé уште се противат на приватизацијата на DEPA и другите големи државни компании.Грчкото министерство за надворешни работи соопшти дека гасоводот TAP е од национален интерес и и’ обезбедува на Грција инвестиција од 1,5 милијарди долари и илјадници нови работни места. „Се надеваме дека површниот пристап на комисијата за енергетика на СИРИЗА нема скапо да ја чини нашата земја’, соопштија од грчкото министерство за надворешни работи.
МакфаксГрчката парламентарна опозиција предводена од коалицијата на левите радикални сили СИРИЗА ја критикуваше грчката влада, која во средата потпи

Пронајдете не на следниве мрежи: