Грчки научници тврдат дека пронашле гробница за која се претпоставува дека е на Александар Македонски.Гробницата за која се претпоставува дека е на најголемиот војсководец на сите времиња е со радиус од 498 метри, а од надворешната страна е направена од скап и гравиран мермер. Акрополот е со пирамидална форма а на врвот е поставен „лавот на Амфиполи”, пронајден од грчки војници во 1912-та година, а истиот четири години подоцна Британците пробале да го однесат во Велија Британија.
До ден денес не е јасно каде точно е закопан големиот освојувач, иако постојано се шпекулира дека неговата легендарна гробница е откриена. Според некои тоа е во Александрија, според други во Пела, главниот град на древните Македонци кои се наоѓа во близина на Солун. Трети, пак, сметаат дека Александар почива на тајно место во Персеполис, денешен Иран.
Александар Македонски починал ненадејно на 34-годишна возраст во 323-та година п.н.е. Неговата смрт настапила по неколкудневната треска, а месеци подоцна саркофагот со телото му поаѓа од Вавилон до гробот на македонските кралеви во Александрија.Гробницата за која се претпоставува дека е на најголемиот војсководец на сите времиња е со радиус од 498 метри, а од н