Грчки СЛАДОК БУРЕК: Се прави многу лесно!

Љубителите на грчката кујна, ќе уживаат. Иако оваа земја е позната по гиро, тие што се повеќе упатени во грчките специјалитети, знаат дека вистинското богатство се крие во пекарите. И тоа се вика сладок бурек!Грчката бугаца, или слатка пита со ванила, е еден од најсовршените слатки на светот, потврдиле искусните гурмани.
Ние откривме совршен рецепт за ова слатко.
За оваа пита, карактеристични се две работи – лесен ванила крем, кој се наоѓа измеќу два слоја кора и прилично масни кори (затоа и се вика бурек).
Потребно е:
500 г кора за баклава
250 г маргарин
1 л млеко
150 г гриз
300 г шеќер
4 јајца
1 портокал
Шеќер во прав
Цимет
Подготовка:
Корите поделете ги на два дела, па еден дел наредете го на округли плех, така што измеѓу секоја кора ќе ставите малку растопен маргарин. Кога ќе искористите една половина кора, ставете фил. Ванила филот се прави многу едноставно: во длабока чинија ставете гриз, шеќер, јајца, рендана кора од портокал, ставете ги во зовриено млеко и гответе додека не се згусне.
Кога ќе го ставите филот, преостанатите кори наредете ги преку, истата постапка, премачкувајќи ги со маргарин. На крај уште еднаш се добро премачкајте и ставете да се пече на 200 степени, 30 минути.
Питата послужете ја топла, со шеќер во прав и цимет.Грчката бугаца, или слатка пита со ванила, е еден од најсовршените слатки на светот, потврдиле искусните гурмани.
Ние откривме совршен реце

Пронајдете не на следниве мрежи: