Грчкиот екс-министер за одбрана на суд за перење пари

Поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос ќе се соочи со судење под обвинение за перење стекнати по криминален пат, објави во петокот навечер грчката државна телевизија, а покрај него пред суд ќе бидат изведени уште 19 лица, меѓу кои се и неговата сопруга, поранешната сопруга, ќерката, братучед, пријатели и поранешни соработници. Судот одредил рочиштето да се одржи на 22-ри април, јави телевизијата. Цохаѕопулос е обвинет за примање милионски суми мито при снабдување со оружје за Грција. Поранешниот министер во понеделникот беше осуден на издржување затворска казна во траење од осум години и глоба од 520 илјади евра за лажни даночни пријави. Атинскиот суд го прогласи виновен бидејќи не ги пријавил имотот и приходите во периодот од 2006 до 2009 година. Ќе биде, исто така, запленета и неговата вила под Акропол којашто на име на сопругата Вики Стамати ја купил во 2009, година, но поранешниот министер на Грција за одбранa Акис Цохаѕопулос за тоа не ја известил даночната управа. Цохаѕопулос, министер за одбрана во владата на Костас Симитис од 1996 до 2000 година, а во 1996 година претендираше и на функцијата премиер на Грција, во согласност со одлуката на судот, не може да се жали на пресудата. Поранешниот министер тврди дека е жртва на политички прогон, а неговите адвокати изразија незадоволство од пресудата.
МакфаксПоранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос ќе се соочи со судење под обвинение за перење стекнати по крими

Пронајдете не на следниве мрежи: