Грчкиот парламент го усвои во саботата нацрт законот за зголемување на даноците што претставува услов за продолжување на исплатата на меѓународната финансиска помош за земјата.
Текстот на нацрт законот со кој грчките даночни обврзници ќе плаќаат поголеми давачки кон државната каса е изгласена со 162 гласа „за“, од вкупно 300 пратеници, а мерката предвидува воведување нов данок од 42 отсто за Грците коишто заработуваат повеќе од 42 илјади евра на годишно ниво. Владата на Антонис Самарас вели дека новите мерки ќе придонесат годинава да се соберат 23,3 милијарди долари. „Не сме за зголемување на даноците, меѓутоа во сегашната ситуација мораме да ја изведеме земјата од криза“, изјави заменикот министер за финансии Јоргос Маврагинис. Грчката опозиција смета дека зголемувањето на даноците ќе го отежне и онака тешкиот живот на обичните граѓани. Главната опозициска радикална лева коалиција Сириза соопшти дека штедењето „ја уништи средната класа во земјата“
МакфаксГрчкиот парламент го усвои во саботата нацрт законот за зголемување на даноците што претставува услов за продолжување