Грчките болници немаат соодветна климтизација

Синдикатот на вработените во јавните болници ПОЕДИН издаде соопштение во кое се вели дека во многу болници нема соодветна климатизација, во услови кога земјата ја зафаќа топлотен бран. Условите се полоши отколку во затвор, соопшти ПОЕДИН во врска со одредени одделенија каде или нема климатизирани единици, или онаму каде што има не работат поради недостиг на средства за одржување.
Синдикатот ги наведе случаите со психијатриските болници во Атика и Дромкаитио, каде што ПОЕДИН тврди дека пациентите во повеќе од 30 одделенија ќе мора да се соочат со температури над 40 степени Целзиусови во следните неколку дена затоа што нема никаква климатизација.
Во генералната болница „Атико“, според ПОЕДИН, единиците за климатизација во одделот за итни случаи и во чекалните не се доволни и „можеби не постојат“.
– Пациентите веќе имаат доволно тешкотии со тоа што чекаат и до осум часа за да бидат прегледани, а сега ќе мора да се справуваат и со топлината, се наведува во соопштението и се додава дека вработените во „Атико“ побарале болницата да биде повлечена од вонредна должност во петок поради отсуство на системи за ладење Условите се полоши отколку во затвор, соопшти ПОЕДИН во врска со одредени одделенија каде или нема климатизирани единици, или онаму каде што

Пронајдете не на следниве мрежи: