Грчките весници ќе останат без хартија за печатење?

Некои грчки весници може да останат без хартија и ќе бидат принудени да го запрат печатењето, сѐ додека не отворат банките, јави БТА.Ограничувањето и повлекувањето пари од банкоматите и банкарските трансакции, го влоши животот на милиони Грци, а колоните пред банките и банкоматите се секојдневна глетка. И локалните медиуми се жртва на мерките, кои беа воведени кон крајот на јуни.
Најпродаваниот весник на островот Лезбос „Емброс“, веќе го намали бројот на страниците од 20 на 16. 
-Имаме проблем со доставките на хартија, изјави извршниот директор Манолис Манолас. 
Најпродаваниот весник во Грција, „Та неа“, напиша во редакциски материјал дека ќе издава само 32 страници, бидејќи резервите од хартија ќе бидат доволни само за неколку дена.Ограничувањето и повлекувањето пари од банкоматите и банкарските трансакции, го влоши животот на милиони Грци, а колоните пред банките и банкоматит

Пронајдете не на следниве мрежи: