Грчките војници пееле дека „сакаат да ја дерат кожата на Македонците“: Денес нивниот генерал е нов претседавач на Воениот комитет на ЕУ

Советот за надворешни работи на Европската унија (ФАК) утринава го назначи грчкиот генерал Михаил Костаракос за нов претседавач на Воениот комитет на ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел.Неговата улога како претседавач ќе биде да ја води работата на Воениот комитет на Унијата, кој е највисоко воено тело во рамки на Советот на ЕУ.
Генералот Костаракос, роден во Солун, досега ја извршуваше функцијата началникот на Генералштабот на Националната одбрана на Грција чии подредени војници повеќепати досега пееја национал-шовинистички песни за дерење на кожата на Македонците (нарекувајќи ги цигано-скопјани) и на Турците.
Грчкиот генерал ќе има улога и на воен советник на високата претставничка на Унијата за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини. Костаракос, исто така, ќе биде главен човек за контакт на командантите на воените операции и мисиите на Европската унија, во чиј состав учествува и Армијата на Република Македонија.
Началникот на Генералштаб на Националната одбрана на Грција, својата должност во рамки на ЕУ ќе ја преземе на 6 ноември 2015 година и мандатот е предвидено да му трае три години.
На чело на Воениот комитет на Унијата, Костаракос ќе го наследи генерал Патрик де Русие од Франција, кој на оваа позиција е од 6 ноември 2012 година.Неговата улога како претседавач ќе биде да ја води работата на Воениот комитет на Унијата, кој е највисоко воено тело во рамки на Советот на ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: