Греми: Најмногу награди за Дафт Панк и Меклмор, Бијонсе ја вжешти атмосферата

Дафт Панк, Меклмор и Лорде се апсолутни победници на доделувањето на Греми наградите што се одржа синоќа, но настапот на Бијонсе привлече најмногу внимание.Францускиот електро дует Дафт Панк освои Греми награда во дури пет категории, а по нив следуваат Меклмор и Рајан Луис кои освен со наградите, привлекоа внимание и со својот мегаломански настап.
Пејачката Лорде може да биде задоволна од овие Греми, бидејќи освои две награди, а едната од нив е и онаа за песна на годината, за нумерата Royals.
Меѓутоа ова доделување на наградите мина во знакот на Бијонсе која ја отвори церемонијата со изведбата на песната Drunk in Love – од новиот албум кој беше издаден предоцна за да биде номиниран. Многу медиуми, нејзиниот секси настап го прогласија за победа на вечерта, а видеото од изведбата веднаш стана вирално.

Нејзиниот сопруг, Џеј Зи и се приклучи на сцената, а подоцна ја освои наградата за соработката со Џастин Тимберлејк на Holy Grail.
Втората работа за која најмногу се зборува е настапот на Меклмор и Рајан Луис кој изгледаше како голема свадба на геј и стрејт луѓе, во која учествуваа 34 парови. Во текот на изведбата, на сцената им се придружи и Мадона облечена како каубојка која ја отпеа песната Open Your Heart.
Ова се победниците во некои од најважните категории:

 
Албум на годината:
Random Access Memories – Дафт Панк
Трака на годината:
Get Lucky – Дафт Панк и Фарел Вилијамс
Песна на годината:
Royals – Авторите Џоел Литл и Ела Јелич О’Конор
Најдобар нов изведувач:
Меклмор и Рајан Луис
Најдобра поп соло изведба:
Royals – Лорде
Најдобра поп групна/дует изведба:
Get Lucky – Дафт Панк и Фарел Вилијамс
Најдобар поп вокален албум:
Unorthodox Jukebox – Бруно Марс
Најдобар електро албум:
Random Access Memories – Дафт Панк
Најдобра рок изведба:
Radioactive – Имеџн Драгонс
Најдобар рок албум:
Celebration Day – Лед Цепелин
Најдобра метал изведба:
God Is Dead? – Блек Сабат
Најдобра рок песна:
Cut Me Some Slack – Дејв Грол, Пол Мекартни, Крис Новоселич и Пет Смиар
Најдобар урбан албум:
“Unapologetic – Ријана
Најдобар аренби албум:
Girl On Fire – Алиша Кис
Најдобра рап соработка:
Holy Grail – Џеј Зи со Џастин Тимберлејк
Најдобар рап албум:
The Heist – Меклмор и Рајан Луис
Најдобро продуциран албум:
Random Access Memories – Дафт Панк
Продуцент на годината:
Фарел Вилијамс
Најдобар спот:
Suit & Tie – Џастин Тимберлејк со Џеј Зи, режија Дејвид Финчер.Францускиот електро дует Дафт Панк освои Греми награда во дури пет категории, а по нив следуваат Меклмор и Рајан Луис кои освен со наградите, привл

Пронајдете не на следниве мрежи: