Грешите ли кога ги миете рацете со студена вода?

Научниците од Универзитетот Рутгарес во Њу Брунсвик спровеле истражување во желба да ја проверат точноста на популарното мислење дека топлата вода ги убива повеќе микробите при миење на рацете за разлика од студената вода.
Истражувањето било спроведено на мала група од 20 испитаници. Тие 20 пати ги миеле рацете со вода на температура од 15, 26 и 38 степени, користејќи помала или поголема количина сапун.
Пред експериментот, рацете им биле прекриени со безопасни микроби. Резултатите покажале дека не постои разлика во количината на отстранети микроби во зависност од температурата на водата или количината на сапунот.
Рацете треба да се мијат најмалку 20 секунди и тоа така што со сапунот се прекрива целата површина на раката, нагласуваат истражувачите.
 Научниците од Универзитетот Рутгарес во Њу Брунсвик спровеле истражување во желба да ја проверат точноста на популарното мислење дека топлата вода

Пронајдете не на следниве мрежи: