Грешките кои ги правиме при нега на кожата

Сите знаеме дека негата на кожата е важна, понекогаш се случува да не ја почитуваме дневната рутина. Кои се грешките кои ги правиме, а кои можат да имаат многу лош одраз на нашата кожа?Прочитајте и обидете се да ги избегнувате во иднина. 
Една од главните грешки е да не ја симнете шминката пред спиење. Ако сте и вие една од жените кои шминката ја вадат наутро, треба да имате на ум дека ако сакате да имате убава и здрава кожа мора да ја вадите шминката навечер. Со тоа ќе ја одморите кожата на лицето, а воедно кожата ќе ви изгледа помладо и на овој начин ќе спречите појава на акни.
Претераното користење на пилингот, било да е тоа хемиски или механички. Стручњаците препорачуваат ексфолијација на кожата еднаш неделно да не дојде до непотребно сушење, а со тоа и до несакани брчки.

Нездрава храна – многу е важно на вашата кожа да и ги обезбедите потребните нутриенти и антиоксиданти. Добра и урамнотежена прехрана која се состои од многу овошје и зеленчук ќе направи чудо на вашата кожа.
Немојте да заборавите на кремата за заштита од сонце – само затоа што летото е зад нас не значи дека треба да избегнувате нанесување на крема за сончање на кожата. Кремата нанесувајте ја дури и кога е облачно за да избегнете разни црвенила и останати проблеми со кожата. Прочитајте и обидете се да ги избегнувате во иднина. 
Една од главните грешки е да не ја симнете шминката пред спиење

Пронајдете не на следниве мрежи: