Грижете се за своето здравје: Хранете се правилно и внесувајте витамини!

Витамините се одличен начин да си го подобрите здравјето, но неопходно е да знаете кој каде се наоѓа и точно за што служи. Кој е за здрава кожа, а кој за добра концентрација?- Витамин А
Одговорен е за здрава кожа, важен е за правилен раст и помага за подобар вид. Го подобрува имунитетот и го зајакнува срцето.
Се наоѓа во морковите, зелениот и темно зелен зеленчук, портокалот, жолтото овошје и зеленчук, јајцата, млекото,павлаката, сирењето и останатите млечни производи.
– Витамин Б1
Витамин за нерви! Овозможува добра концентрација и ментална снаодливост.
Најмногу го има во квасецот, интегралните житарки и леб, компирот, млекото и немасното свинско месо.
– Витамин Б2
Учествува во размената на јаглехидрати и протеини, а покрај тоа го поддржува дејството на витаминот А.
Овој витамин најмногу го има во свинските џигери, пивскиот квасец, кељот, спанаќот, млекото и млечните производи.
– Витамин Б6
Витаминот кој е неопходен за правилна изградба на мускулните масти, а покрај тоа ја поттикнува размената на протеини и аминокиселини. Кај многу жени ги ублажува болките во ПМС фазата и ја смирува депресијата. Важен е и за правилно работење на нервниот систем.
Најмногу го има во интегралниот леб, телешкиот џигер, соја никулците, скушата, мешунките и пиперките.

– Витамин Б7
Неопходен е за добра и здрава коса, нокти и кожа.
Најмногу го има во квасецот, интегралниот леб, јајцата, млекото и млечните производи.
– Витамин Б12
Витаминот кој обезбедува обновување на крвта. Влијае позитивно на кожата, косата и ноктите.
Го има во свинскиот џигер, телешките бубрези, скушата и морскиот лосос.
– Витамин Б3 (ниацин)
Го прави организмот свеж и витален, а помага и во беспрекорната работа на нервниот систем и мозокот.
Го има во пивскиот квасец, кикириките и рибата.

– Витамин Б5 (протеинска киселина)
Овој витамин го забрзува растот на косата и влијае на подвижноста на телото. Позитивно влијае на расположението затоа што го контролира адреналинот во организмот.
Најмногу го има во сушеното овошје како кајсии и смокви, свежиот зеленчук, но и во сусамот, оревите, сојата и јајцата.
– Фолна киселина
Ја регулира крвната слика и влијае на создавање кови клетки. Важна е и за правилното варење и нервниот систем.
Фолната киселина на има во спанаќот, брокулата, карфиолот, но и во телешкото и јагнешкото месо.
– Витамин Ц
Заштитен витамин кој ја одржува кожата здрава, исто како и забите и коските. Го подобрува имунитетот, го чисти организмот и помага при апсорбирање на железо. Влијае и на правилното зараснување на раните.
Најмногу го има во свежото овошје и зеленчук – портокали, црна рибизла, брокули, пиперка, киви, кељ, јагоди шипка, ротквици, компир…
– Витамин Д
Влијае на правилен развој на коските и нивно зајакнување, како и за здрави заби.
Витаминот Д го има во рибиното масло и месо, но и во јајцата, млекото, млечните производи и путер.
– Витамин Е
Заслужен е за виталноста на убавата кожа. Учествува во регенерирање на клетките, а исто така и во правилното созревање на сперматозоидите.
Витаминот Е најмногу се наоѓа во авокадото, пиперката, јајцата, путерот, билните масла, оревите, морските плодови и темно зелениот зеленчук.

– Витамин К
Помага во правилното зараснување на раните и повредите, затоа што позитивно влијае на згрутчувањето на крвта.
Витаминот К се наоѓа во прокељот, спанаќот, зелката, шампињоните, зелениот чај, пилешкото месо и сирењето.
– Витамин Ф
Неопходен е за правилно растење на косата и здравата кожа.
Го има во билните масла, ленените семки, сончогледот, сојата, кикириките, оревите и бадемите.- Витамин А
Одговорен е за здрава кожа, важен е за правилен раст и помага за подобар вид. Го подобрува имунитетот и го зај

Пронајдете не на следниве мрежи: