ДАЛИ ГРОБОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СЕ НАОЃА СКРИЕН ВО БАЗИЛИКАТА СВ. МАРКО ВО ВЕНЕЦИЈА

Во последните неколку години многу астролози се повеќе ни даваа индикации за тоа како планетарните вибрации со својата специфична и комплексна електро- хемија ќе влијаат врз свеста на луѓето, давајќи им една насока за се поголемо внимание на заборавената и скриена историја, како и на се поголемите напори да се дознае одредена светска или локална вистина. Па така, многу народи нурнаа длабоко во океанот на мистериозното минато во потрага по своето потекло, културно наследство и древна цивилизација, и такa сето ова пропратено со едно повисико скалило за духовен развој и обид за некаква трансценденција. На тој начин, малкумина од нив ја искористија оваа космичка стихија за свој личен напредок и развој и успешно сурфаа над бурнуте бранови, додека поголемиот дел можам најодговорно да кажам, особено во Македонија, нажалост беа усисани со морскиот вртлог oд илузиорната и тотално темна национал-шовинистичка дупка, од која не можат да видат ниту бел зрак светлина. Ми се чини дека оние “цареви” од “Зета Македонија” се доволен пример за модерната и манијакална историска болест.

И покрај фактот што изминатите децении гледавме и гледаме сеуште како домашните и странски истражувачи / археолозите се повеќе и повеќе се насочуваа и насочуваат кон една сеуште нерешена фасцинантна мистерија, за тоа каде се наоѓа гробот и телото на славниот Александар Македоснки, кој без малку, историчарите го сврстуваат во класата на најголемите светски загадки, во рангот на: Заветниот Ковчег, Гробот на Џингис Кан, Светиот Грал, Златното Сонце на Инките итн….

И така, што веќе не се имавме изнаслушано и изнагледано изминативе години. Илјада теории и претпоставки. Многумина водени од своето национал-романтичарското чувство плетаа разно-разни сказни и новокомпонирани митови за Александровото финално почивалиште. Едни кажуваа дека е на Беласица, други во Преспа, трети во Кочани, четврти во Охрид, петти во Валандово и Гевгелија, шести некаде во Егејска Македонија (денешна Грција), седми во Овче Поле….осми во Египет, девети во Вавилон, десети во Индија, единаести наводно мудро ќутат.. итн….

Паско Кузман еднаш рече: Знам каде е закопан Александар, ама ако кажам ќе има трета светска војна и дека е подобро да се остави за во некои идни времиња кога државава ке биде посигурна…….така што сеуште гледаме дека оваа мистерија добива уште поголема емотивна драмска димензизја….а можеби оставил тестамент во книгите на Ден Браун и Ниче? Мислам на Ниче Димовски, оној кој како и другите себепрокламирачки археолози го дешифрира каменот од розета, тврдејќи дека е пишан со некој неразбирлив ма(ќ)едонски фонт кој предничел на еленскиот (ан)алфабет.

Исто така, барањето на гробот во Овче Поле е само политичко-домољубна операција со цел да се одржи националистичкиот набој кај робовите.
Во кралството на Филип II не била вклучена денешната територија на Р.М. освен нешто околу крајниот југ, што ги прави трагачите по историски “континуитети” смешни. Александар Велики поминал голем пат, видел и освоил огромни светски центри, основал некои градови меѓу кои и Вавилон, нешто како денешен Лондон…..но решил да биде закопан во пустелија во Овче Поле?!
Овчеполието е Пајонски реон на владавина така да ако се придржувале 100% кон традициите, веродостојноста дека Леки наш го паркирале тука е најневеројатно…
Национализам во антиката едноставно не можеме да бараме.
Треба да се разграничи кралство од империја, сојузништво со другите кралства (оние на север – Пеонците) како и “освојување“ на истите од страна на македонските велможи. Најпрво, морам да кажам дека многу лошо е протолкувана историјата дека Персијанците дека биле најголемите тирани во времето на Александар, затоа што неколку векови пред нив ги имаме Асирците кои правеле хаос, пљачки и разурнувања на градови, така да Персија и не е толку лоша, но земено дека поголемите изучувања се базираат на Еленски писанија (а знаеме дека Персија била во целовечна војна со хеленските полиси (Град-држави), што ќе речете од субјективизам не се гине. Потоа морам да нагласам дека владеечкиот сталеж во Персија бил воден од аријците, што не баш така добро се прикажени, особено во филмовите – made in Holywood. Даријан самиот го изјавува своето потекло во натписите:
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.