Граѓанската опција за Македонија смета дека Република Македонија се наоѓа во најголемата политичка и безбедносна криза од осамостојувањето, која не е само меѓуетничка, туку и интеретничка и дека вчера биле извршени повеќе антидржавни дејствија од политичките партии, пратениците во Собранието и граѓани.- Однесувањето и дејствијата што ги преземаа одделни пратеници во Парламентот и самоволието на одделни граѓани не придонесуваат за мирот и безбедноста на граѓаните, туку напротив, не водат кон нови конфронтации, сметаат од ГРОМ.
Според партијата, антидржавно дејствување е тепањето пратеници во Парламентот кое го осудуваат, необезбедувањето безбедност на сите пратеници и граѓани на државата, пеењето химна на странска држава во Собранието на РМ, кога претставниците на законодавниот дом не го почитувале Уставот и законите кои сами ги донесуваат, потоа изборот на претседател на Собранието на начин спротивен на Уставот.
– ГРОМ не е против Талат Џафери да биде претседател на Собранието на Република Македонија, но е енергично против да биде избран на начин спротивен на Деловникот на Собранието, се наведува во соопштението и воедно се упатува апел до меѓународната заедница да дадат свој придонес за смирување на тензиите во Македонија, а до граѓаните на РМ од сите етнички заедници и различна верска припадност да не влегуваат во конфронтации и насилства.- Однесувањето и дејствијата што ги преземаа одделни пратеници во Парламентот и самоволието на одделни граѓани не придонесуваат за мирот и бе