Граѓанска опција за Македонија бара од лидерот на СДСМ, Зоран Заев да им се извини на македонските граѓани и на струмичани за според нив дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми.Избирачкиот список е затворен и во него не е најден ниту еден фантом. Зоран Заев дрска ја лажеше македонската и меѓународната јавност дека поседува докази дека во Македонија изборите не биле фер и регуларни и дека во Македонија има 500.000 фантоми. Заев со оваа изјава нанесе огромен срам и штета за угледот на нашата држава во Европа и во светот. Ги понижи и навреди сопствените граѓани нарекувајќи ги фантоми. За Заев 500.000 Македонци не постоеја, велат од ГРОМ.
Според ГРОМ со затворањето на избирачкиот список оваа дрска лага е разобличена.
-Се докажа дека во Македонија не постојат фантоми туку достоинствени граѓани кои му даваат легитимитет на секој изборен процес. Кој во СДСМ ќе собере храброст и ќе се извини на македонскиот народ за изречените лаги и клевети. Кој ќе ја сноси одговорноста што тогаш Заев за изјавата за 500.000 фантоми ја втурна Македонија во уште поголема политичка криза и нанесе непроценлива штета на Р. Македонија. Какво подмолно и подметнато сценарио на СДСМ, велат од ГРОМ.
Од ГРОМ очекуваат во текот на денот СДСМ да им се извини на сите македонски граѓани.
Избирачкиот список е затворен и во него не е најден ниту еден фантом. Зоран Заев дрска ја лажеше македонската и меѓународната јавност дека поседува