Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) бара Специјалното јавно обвинителство веднаш да отвори истрага против непознат сторител и за сите објавени аудио снимки од т.н. „бомби“ да има кривично гонење.– Нивната злоупотреба ќе предизвика големи штети па дури и ќе има убиства. Одговорноста за сето тоа ќе падне врз СЈО, Зоран Заев и СДСМ, стои во денешното пишано соопштение од ГРОМ.
Од оваа партија потсетуваат дека уште пред една и пол година предупредиле дека аудио снимките, набавени на незаконски начин ќе имаат далекусежни негативни последици.
– Предупредивме дека снимките ќе бидат користени за компромитирање на јавни личности, уцени, рекет на стопанственици и други граѓани. Денес, токму тоа и се случува. Аудио снимките од т.н. „бомби“ се доставени до разузнавачки служби на Балакнот, до членови на криминалното подземје, до одредени политичари од соседните земји. Згора на тоа, ние сме сведоци дека т.н. специјална обвинителка и во својот извештај и усмено, во повеќе наврати, упати апел до сите оние кои поседуваат неовластени снимки, истите да ги достават до СЈО, се вели во соопштението од ГРОМ.
Во таа насока од ГРОМ ја прашуваат специјалната обвинителка Катица Јанева дали е таа хуманитарно здружение па упатува апели или е обвинител.– Нивната злоупотреба ќе предизвика големи штети па дури и ќе има убиства. Одговорноста за сето тоа ќе падне врз СЈО, Зоран Заев и СДСМ, стои