Членовите на ГРОМ ги образложија своите ставови на прес-конференција, на која прашаа до кога Заев ќе го навредува народот со своите небулози. Во продолжение интегрален текст од реакцијата на ГРОМ:Додека збунетиот и полунапиен СДСМ крстари низ државата со нивните шарени лаги и „волшебна економија“, ние, овде, во Струмица сме сведоци на реалноста што ја нуди господинот прв СДСМ-овец и градоначалник Зоран Заев.
Доволно конфузен и неук, тој јавно призна дека во неговата фирма дели плати од 9.800 и 10.200 денари и ја повикува државата да му помогне.
Се разбира, за да опстане неговата фирма, односно фирмите на кланот Заеви кои во вакви-никакви услови успеаја да остварат приходи од едвај 200 милиони евра.
Затоа, големиот „економист“ повторно не враќа два века наназад, па ни нуди државна, наместо пазарна економија (нели „државата тука мора да помогне, а државата тоа сум јас“ мисли Заев), инаку приватниците не можат да издржат.
Така, капиталистот преку комунизам чекори кон феудализам, и толку ги сплетка математиките, што ни Маркс и Енгелс, а ни Милтон Фридман заедно, не би можеле да му ги отплеткаат.
И само така тој би можел да стаса до неговиот есап од 16.000 денари минимална и 30.000 просечна плата по вработен – до крајот на нивниот мандат. За среќа, тука е неговата лева рака Петре Шилегов да го корегира во Јегуновце дека просечната плата ќе биде 30.000, а минималната 60.000 денари, што е уште едн фантастично доживување на ова весело, потпивнато и лажливо друштво.
Господине Заев, ГРОМ ве прашува: До кога ќе ги навредувате младите, но и сите граѓани на Република Македонија со вашите небулози? Дали вие си играте мајтап со народот и тоа на отворена сцена?
Дали господине феудалецу или капиталист, како милувате, размисливте малку да скратите од своите екстра профити и луксузи, за да им ја зголемите платата на вработените кај вас, или тоа не влегува во вашата шема на „средна класа“?
Дали за вас средината, просекот, се добива кога ќе се поделат екстра сиромашни граѓани со ултра богат СДС-овец?Додека збунетиот и полунапиен СДСМ крстари низ државата со нивните шарени лаги и „волшебна економија“, ние, овде, во Струмица сме сведо