Грозданов: Да не заборавиме она што во 2004 година СДСМ го направи на Струга и Кичево

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на изборите на 11 декември, остваруваат средби со граѓани низ Македонија.Денеска во Струга на средби со граѓани беше Цветко Грозданов каде што се присетија на она што СДСМ го направи на штета на овој град.
-Да не заборавиме она што во 2004 година СДСМ го направи на Струга и Кичево, денес сме сведоци дека истото се подготвува да го направи на територијата на цела Македонија, со воведувањето на двојазичноста и федерализација на Македонија. Да не заборавиме дека Струга најмногу го почувствува тоа и дека  во тој временски период СДСМ тргуваше со националните чувства и интереси на државата, подвлече тој.
Порачаа дека нема тргување со националните интереси и чувства.
-Народот треба да биде единствен и да излезе на претстојните парламентарни избори и без уцени и притисоци да одлучи на кого ќе го даде гласот. Ние сме свесни дека со ваквата политика на СДСМ е погубна и затоа очекуваме дека народот ќе ни даде поддршка за 63 пратеници, вели Грозданов.Денеска во Струга на средби со граѓани беше Цветко Грозданов каде што се присетија на она што СДСМ го направи на штета на овој град.
-Да не

Пронајдете не на следниве мрежи: