Грозјето се сметало за “храна на боговите” и се поврзувало со Дионис – грчкиот бог на виното, вегетацијата и плодноста. Се појавува и во грчката и во римската митологија, со нагласок на опојните својства на виното.Освен што е вредна суровина за вино, грозјето е вкусна намирница во текот на летните и есенски месеци.
Грозјето содржи изобилство од флавоноиди кои се носители на бојата на ова овошје, а се заслужни за цела низа поволни влијанија врз здравјето на човекот, посебно за чување на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Еден од поважните минерали кои грозјето ги содржи е бор, кој е важен за здрави коски. Исто така, грозјето е одличен извор на витамин Ц, а една шолја од овој плод задоволува 27 отсто од дневните потреби на овој моќен антиоксиданс.
Грозјето е исто така одличен извор на манган, минерал кој го олеснува метаболизмот на протеините и јаглехидратите и ги активира ензимите кои се заслужни за користење на клучни нутритиенти, како што се групата на Б витамини.
Фитохемикалиите од грозјето против грип и кардиоваскуларни болести
Истражувањето кое е објавено во списанието “The Journal of Infectious Diseases” укажува на позитивното влијае на ресвератролот – антиоксиданс кој го блокира развивањето на ќелиите на вирусот.
Здравствено делување
Добро е познато заштитното дејство на виното врз превенција од кардиоваскуларни болести, а со тоа посебно се гордеат Французите. Популарно-научниот поим “француски парадокс” се користи за фактот дека Французите значително поретко заболуваат од кардиоваскуларни болести, а во истовреме консумираат подеднакви количини на заситени масти како и Американците.
Преку внимателното проучување на карактеристиките помеѓу француската и американската исхрана и здравствените придобивки, истражувачите дошле до заклучок дека единствената значајна разлика е внесувањето на црно вино.

Го намалува крвниот притисок
Едно ново истражување врз животните покажало дека исхраната која изобилува со фитохемикалии можат да го намалат високиот крвен притисок, предизвикан од претераниот внес на натриум.
Ваквото благотворно својство се припишува на флавоноидите кои го намалуваат високиот крвен притисок, директно со својата антиоксидативна активност или индиректно преку делување на клеточните функции или и двете.Освен што е вредна суровина за вино, грозјето е вкусна намирница во текот на летните и есенски месеци.
Грозјето содржи изобилство од