ГРОЗОМОРЕН ЧИН: „Мајката сатанистка ме тераше да спијам со 1.800 мажи“

Анабел Форест тврди дека била во сатанистички култ во кој на нејзината мајка и очувот им била сексуален роб. Тие ја силувале кога имала само 11 години, во 17-та година збаременила од очувот.Ќерката на една сатанистка од Велс напиша книга „Ѓаволот на домашниот праг“, во која го опиша злоставувањето кое го преживувала уште од својата седма година. Жената која себе си се нарекува Анабел Форест, тврди дека пореметената мајка ја терала да спие со 1.800 мажи пред да наполни 18 години.
Тие ја иницирале уште додека била девојче и тоа така што морала да ја гледа нејзината мајка како сексуално го задоволува водачот на култот Колин Батли (48), кој повеќекратно ја силувал штом наполнила 11 години. На 14 години морала да учествува во групен секс заедно со мајка и, Бетли – кој подоцна станал нејзин очув и соседите.

На очувот 11 години, а на мајката и се доделени 12 години затвор
Сведоците раскажале во судот дека водачот на култот носел наметки и изведувал мантри пред да стапи во сексуални односи со своите следбеници и децата. Во недела навечер, тие би се собирале во дневната соба од неговата куќа каде што имал „олтар“ покрај кој држел змии. Тој е осуден на 11, а мајката на Анабел на 12 години затвор.
Анабел додаде дека членовите од култот ја терале да се проституира за да заработи пари за нивните потреби.
„Преку ден бев ученичка, а навечер сексуална робинка. Беше толку ужасно што се обидов да се самоубијам“, раскажа Анабел.
Анабел успеала да избега од нив и веќе не ги видела, се до денот на судењето.
„Мајка ми не се покаја за нејзините злодела. Со оглед на тоа дека и сама сум мајка, не можам да верувам како се однесуваше кон мене. Но, поради тоа сум посилна. Злоставуваните деца се насекаде околу нас. Доволно е само еден човек да ги забележи и тоа ќе им го спаси животот“, завршила Анабел, која денес има две деца, јавува Дејли Мејл.Ќерката на една сатанистка од Велс напиша книга „Ѓаволот на домашниот праг“, во која го опиша злоставувањето кое го преживувала уште од

Пронајдете не на следниве мрежи: