Манекенка од Ријека ја избоде со нож својата сестра близначка, бидејќи била љубоморна на нејзината врска со момче кое и на двете им се допаѓало.Сара Грковиќ (22), која е модел од Хрватска, синоќа ја нападна својата сестра Дајана со кујнски нож, со кој ѝ нанела тешки повреди.
Како што пренесоа медиумите од регионот, сестрите се испокарале поради момче кое и на двете им се допаѓало. Имено, Дајана започнала врска со него, а Сара не го одобрувала тоа.
Според зборовите на нивните соседи, двете сестри кои живеат со мајката, отсекогаш биле мирни и културни. Оние кои ги познаваат велат дека скоро било невозможно некој физички да ги разликува, како и дека ретко ги гледале заедно.
„Иако живеат на иста адреса, тие воделе одвоени животи. Од кога нивната мајка замина да работи во Германија, тие малку се опуштија, но не сметавме дека ќе дојдат до оваа точка“, објаснуваат соседите.
И покрај тоа што и двете се убави, сестрите отсекогаш си љубомореле една на друга.
„Не верувам дека тие им завидуваа на другите жени за изгледот, но знам дека постојано се натпреваруваа меѓу себе. Долго време не беа во контакт со нивниот татко и тој никогаш не плаќаше алиментација, па во последно време беа препуштени сами на себе“, наведува еден семеен пријател.
Дајана се наоѓа во болница, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.Сара Грковиќ (22), која е модел од Хрватска, синоќа ја нападна својата сестра Дајана со кујнски нож, со кој ѝ нанела тешки повреди.
Како шт