Груби: Ако СДСМ ја прифати платформата нема да има пречки за формирање на Влада

Шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ, Артан Груби во интервју на ТВ Алсат во емисијата „200″, изјави дека ДУИ и СДСМ продолжуваат со внатрепартиски консултации и дека доколку биде прифатена платформата на албанците, вклучувајќи и официјализирање на албанскиот јазик, ќе нема друга пречка за формирање коалиција за нова Влада.“Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи оваа платформа и помага на социјалната кохезија, граѓанската еднаквост, и е добра за Република Македонија. Дали мислите дека преговорите ќе можат да завршат брзо, ако постои таков дух? Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да.” – изјави Артан Груби
Од СДСМ и понатаму немаат став за платформата. Портпаролот Петре Шилегов, рече дека очекува посетата на еврокомесарот Хан в четврток, да ја потврди изборната волја за промени.
Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението објавено по средбата меѓу Никола Груевски и амбасадорката на ОБСЕ, Нина Соумалаинен, со заканувачки тон, се порачуваат дека партиите кои ќе формираат влада без ВМРО-ДПМНЕ мора да ја преземат одговорноста за проблемите кои ќе произлезат.
„Секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“. – соопштија од ВМРО ДПМНЕ“Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи

Пронајдете не на следниве мрежи: