Груби: Ме убедуваат дека чичко ми е фантом

Ни на средбата на партиите од големата четворка со посредство на амбасадорскиот двоец Џес Бејли и Аиво Орав не е постигнат договор за Избирачиот список и медиумите. Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со зголемен оптимизам дека договор е можен наскоро. Наспроти ова, за партијата на Зоран Заев нема сериозни поместувања за двете прашања, анализира Дневник.Ова навестува дека четирите партии на средбата со помошник-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд в понеделник, ќе настапат без решение за отворените прашања бидејќи според партиските најави, викендов не се очекува преговорите да продолжат.
-И додека Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ и Артан Груби од ДУИ сметаат дека има поместување за двете теми со аргументи дека понудиле решенија и за прочистувањето на Избирачкиот список и за медиумите, Рената Десковска од СДСМ е децидна дека трет избирачки список со „непостојни“ гласачи ќе нема и оти нема договор за медиумите бидејќи ВМРО-ДПМНЕ одбива да се откаже од контролата врз нив, објави весникот.
Чичко ми не е фантом
– Разговорите  имаа дополнителен напредок и во тој поглед сум малку поголем оптимист. Стравот на СДСМ од соочување со граѓаните и опасноста повторно да бараат некаков изговор, веројатно банален и уште побанален од овој што го има сега како повторно да се пролонгира кризата во која ја доведоа Македонија. За Избирачкиот список од тоа што можевме да го видиме е дека некаде над две третини од тие лица за кои СДСМ бара да бидат избришани се Албанци. Се докажа целата измама на СДСМ за целиот овој период дека ВМРО- ДПМНЕ преку непрочистениот Избирачки список ги добива изборите. Не можат луѓето да сфатат дека народот не ги поддржува – изјави Тодоров, пренесува Дневник.
Тој повтори дека СДСМ бара 172 илјади гласачи да бидат обележани како лица кои веројатно се во дијаспората и 39 илјади да бидат избришани и оти ВМРО-ДПМНЕ нема проблем со тоа, иако барањата се нелогични. И Груби цени дека напредок во преговорите има и смета дека ако македонската опозиција е конструктивана може многу брзо да се постигне договор и да се оди на кредибилни и демократски избори на кои ќе учествуваат сите партии.
– Има конструктивни предлози од наша страна за решавањето на прашањето за медиумите, но и за прочистувањето на Избирачкиот список. Имавме увид во тие 39.502 гласачи, кои ги спори СДСМ и видовме дека всушност не се работи за фантомски гласачи, туку дека тие гласачи или живеат тука или се надвор – рече Груби и како пример наведе дека неговиот чичко со семејството, според СДСМ, е фантомски гласач и партијата на Заев сака да го избрише.
Тој оцени дека при теренските проверки биле направени грешки и поради тоа излегува дека има фантомски гласачи иако тие реално постојат.Ова навестува дека четирите партии на средбата со помошник-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд в понеделник, ќе настапат без решение за отв

Пронајдете не на следниве мрежи: