Груевска-Маџовска до Арифи: Срце едно нацистичко!

„Срце едно нацистичко, драга моја Беса Арифи! Па, кога дошло вакви националисти да предаваат право, јасно е зошто правото во Македонија треба со боринче да го бараш! Каква патетика, каква мелодрама! Седеле во подрум и учеле. ЦЦЦЦ! Зошто? Затоа што некој без дозвола отворал универзитет и го кршел Уставот. А нашиот Устав што им значи? НИШТО! Како и сè друго – химна, знаме и сите други државни симболи што исто со боринче треба да ги бараш кај што живеат повеќе Албанци! Е па, драга професорке по право, видовте што се случи во една држава членка на ЕУ само што направија референдум. Да, да, во ЕУ. За Каталонија и Шпанија мислам“, ѝ пишува професорката Симона Груевска-Маџовска од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје на професорката Беса Арифи по нејзиното обраќање во кое таа тврди дека Албанците се дискриминирани од Македонците.
Целата порака до Беса Арифи:
„Во 1998 година сиромашната Македонија прими над 300.000 бегалци од Косово. Им понуди гостопримство. И како се врати нашето гостопримство? Кога се смири ситуацијата во Косово, Албанците се вратија назад, ама Ромите не ги примија! Нацизам пар екселанс!
Во 2001 дигнавте оружје на сопствената држава. Ги избркавте Македонците од сопствените огништа и никогаш не ги пуштивте да се вратат! Тоа се вика етничко чистење, драга професорке по право! Исто како со Ромите во Косово. Дали некој Албанец бил протеран од своето огниште? Мене не ми е познато.
Дигате споменици на Американците зашто тие ви ја извојуваа победата и во Косово и кај нас. Билали Клинтон, а?
Сакате да знаете што памтам јас? Секогаш во школо поминувавте полесно од нас. И сите до еден бевте со сите петки или десетки таму кај што имаше наставници и професори етнички Албанци – незаслужени! Се среќававме на некои испити на Филолошкиот факултет – просек 10, а основни работи не се знаеја. Ние паѓавме за такво незнаење.
Кога јас бев помлада, девојчињата учеа само до четврто одделение и ги вадеа од школо за да подготвуваат чеиз за мажење. Кој им бранеше да учат? Сигурно не Македонците. Потоа, кога се зголеми интересот за образование, многумина сакаа да учат во средното медицинско училиште. И Македонците исто. Стотици Македончиња остануваа незапишани и одеа на други струки.
Ама кога останаа Албанчиња незапишани, вие протестиравте со денови и на крај се зголеми квотата за вас. Кој има помалку права овде?Со години наназад се вработуваат главно етнички Албанци во државната администрација. Во некои сектори се и 75 проценти. Тоа лесно се проверува. Да се види колку сме ние нацисти.
Секојдневно го кршите Уставот со тоа што во општините таблите или ви се само на албански, или албанскиот јазик е прв. Не обезбедувате превод за Македонците што се членови на советите на општините.
Не го учите македонскиот јазик, иако ви е обврска. Највисоките претставници на етничките Албанци и во меѓународните односи каде нè претставуваат сите нас, зборуваат на албански, и тоа спротивно на Уставот. Прва вашата сестра уште пред десетина години во Атина. И ние националистите никого не казнивме. Законот за употреба на македонскиот јазик и Уставот можат до бескрај да се кршат, ама сега гледаме дека Зибери се заканува дека кој ќе го крши Законот за албанскиот јазик ќе биде казнет. ЦЦЦ! Правна држава, професорке по право?
И зошто толку се плашите од попис? Еве, ние националистите носиме закони базирани на незаконски попис од 2002, а и сега без попис. Закони базирани на проценти. Да ве потсетам, професорке по право, пописот од 2002 година не е потпишан од Државната пописна комисија поради низа нерегуларности. Си знаете вие какви.
Да ве научам нешто од социолингвистиката, македонскиот јазик е јазик на МНОЗИНСТВОТО во Македонија. Албанците се МАЛЦИНСТВО во Македонија. Тие ваши глупости дека Албанците не се малцинство зашто вкупно Албанците на цел Балкан и во три држави се побројни од Македонците се повеќе од смешни.
Прочитајте ја Европската повелба за регионални и малцински јазици и најдете си го албанскиот јазик во Македонија што е – може да биде само РЕГИОНАЛЕН. Вие ќе кажувате зошто ние не сме го учеле албанскиот јазик, а самите пишувате дека не сте ги научиле ромскиот и влашкиот.
Е па драга професорке по право, немате апсолутно никакво право да барате Македонците да го учат албанскиот јазик. Ако сакам, ќе го научам, ама не МОРАМ. А вие МОРАТЕ да го знаете јазикот на МНОЗИНСТВОТО, а тоа е МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. И што имате вие против тоа? Што имате вие против македонскиот јазик?
Рамковниот договор е целосно имплементиран во Уставот. Нема ништо неспроведено, напротив. Во практиката владее комплетно беззаконие со албанскиот јазик. Сите гледаме. Во 2008 година испадна дека нешто не било до крај имплементирано. И тогаш се затвораше конечно Рамковниот договор.
Во 2017 година испадна дека пак бил отворен Рамковниот. Пак сме требале да го дозатвориме. Зошто? Затоа што во 2001 година вие сте барале двојазичност на целата територија, а не сте ја добиле и сега си сметате дека тоа што сте го барале, мора да го добиете. Иако тоа го нема во Рамковниот договор.
Мене тоа ми личи како некој да сакал да купи кола со приколка, ама немал доволно пари за приколката. Склучил купопродажен договор за колата. По неколку години, се вратил кај продавачот и му ја барал и приколката за беспари. Зошто? Зашто му била планирана! Е така личи оваа ваша работа со јазикот.
Со овој закон само докажувате дека никогаш нема да има крај на вашите уцени. Следно ќе биде Македонско-албанска академија на науките и уметностите и Македонско-албанска телевизија. А другите народи кој ги врти, а?
Овој Закон е противуставен, драга професорке по неправо! Да не бевте таков националист, како професорка по право ќе го признаевте тоа, но вие етничката припадност си ја одбравте за професија!“Каква патетика, каква мелодрама! Седеле во подрум и учеле. ЦЦЦЦ! Зошто? Затоа што некој без дозвола отворал универзитет и го кршел Уставот. А нашио

Пронајдете не на следниве мрежи: