Во 2016 година вие граѓаните ќе ја решите 2015 година. 2016 година е година на народот, година кога народот на фер и демократски избори на 24ти април, ќе ја соопшти својата одлука и ќе ја прати својата порака. Изборите во април ќе стават крај на оваа тешко бреме, а вие граѓаните ќе одлучите. Никој друг, туку вие граѓаните. – посочи премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање.Тој додаде дека изборите во април ќе бидат и своевидна порака до сите политичари и лица или структури и организации кои директно, индиректно, или само како набљудувачи биле и се вклучени во сите случувања кои ги доживеавме и преживеавме заеднички изминатава година.
-Изборите ќе треба да донесат нов ветар во грб, енергија, сила, за градење на подобра иднина, на посветла иднина, ќе бидат своевиден излез, светло на крајот на тунелот. Следната година треба да биде година кога ќе ја видите најсеопфатната програма што било која политичка партија воопшто ја направила во Македонија. Понуда која ќе значи подобар живот, повеќе проекти, мерки, реформи, дела, посветла, сигурна, предвидлива иднина – рече премиерот.Тој додаде дека изборите во април ќе бидат и своевидна порака до сите политичари и лица или структури и организации кои директно, индиректно, или с