Груевски: Американска компанија инвестира во Македонски Брод, а Заев како градоначалник на Струмица ниту една фабрика нема донесено

Довербата од граѓаните ние ја базираме на проекти и реализирани ветувања. Таа доверба е цврста затоа што и делата кои ги направивме се реални. Ние за разлика од нашите конкуренти најважна преокупација ни се проектите, а не апстрактните поими кои ни тие самите не ги разбираат, изјави на митингот во Македонски брод лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.-За да се ветува нешто потребно е да се има кредибилитет. И секако тука запрашајте се, кој навистина има реализирано проекти, кој навистина решава проблеми, кој навистина носи инвестиции. ВМРО или СДСМ. Луѓето кои донеле инвестиција понудиле решенија тоа верувајте повторно ќе го прават, но луѓето од СДСМ кои ја изгубиле вашата доверба, кои не направиле ништо а имале можност, кои не донеле една единствена инвестиција, нема тоа да го направат сега. Тоа се истите луѓе. Нивниот предводник 11 ипол години е градоначалник на Струмица, една фабрика во Струмица нема донесено, а камоли во Македонски Брод да ви донесе, шпто да ви кажам понатаму. Човекот неможе во неговата општина една компанија да донесе од на отвори, 1000, 500, 300, колку било работни места, а да очекуваме дека ќе донесе и во Брод, во Каменица, во кичево или било каде, таа работа нема да ја видите, рече Груевски.
 
Некои ги бива за деструкција и правење на кризи, а нас не бива за работа, и обезбедување на нови работни места. На СДСМ главна преоукпација им е туркање на проект за рекомпонирање на државата, наш главен проект ни е привлекување на нови инвестиции за силен економски напредок.
-Вечерва можеме да си кажеме една убава работа, добра вест за Македонски Брод- се донесе одлука од страна на американска компанија, да се купи земјиште во близина на Македонски Брод, земјиштето се купи и на почетокот на декември почнува со градба нова фабрика тука во Македонски Брод на само 5 километри од градот. Ова ќе биде прва поголема нова фабрика по повеќе децении која ќе се гради во Македонски Брод, за економски развој, нови вработувања и обезбедување на сигурност на 200 вработени, тоа се 200 семејства од ова место. Инвестицијата е на компанијата „Броадстоне Дефенсе“, американска компанија од Вашингтон, САД, која ќе произведува муниција, огнено оружје, панцири, и слично, за потребите на Американската војска и НАТО земјите, рече Груевски.
Иако државата, додаде тој, беше зафатена со политичка криза ние не престанавме да работиме и да се бориме на полето на инвестициите.
-Првичниот контакт со компанијата беше остварен пред околу една година, по што следеа низа активности и детални анализи, за да во август ја донесат финалната одлука за инвестирање во Македонија. Во конкуренција беа разгледувани и повеќе други држави како можни локации за инвестирање, но одлуката е донесена токму за Македонија поради стратешката локација и одличната бизнис клима која ја имаме создадено. Како што веќе имате чуено, претходната недела преку јавен повик и електронска аукција инвеститорот го купи земјиштето од 10 хектари во близина на Македонски Брод, при што веднаш во декември, за една или две недели од сега ќе започнат со градба. Според веќе изготвениот архитектонски проект, планираат да изградат фабрика, односно 5 хали за производство, како и дел за складирање и административна зграда. Според истиот план, се очекува да завршат со градба до кај на мај 2017-та година и да започнат со тест производство, за од јули 2017-та  година, да почнат со редовно производство, подвлече Груевски.
За првите 5 години, вкупната инвестиција е планирана да биде 5 милиони долари, со вкупно 200 директни вработувања.
-Првичниот контакт со инвеститорот го имаше економскиот промотор во Вашингтон, Оливер Ристиќ, а разговорите ги водеше, заменик директорот на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, Ивана Николиќ, со целосна поддршка на градоначалникот на Македонски Брод и на министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на министерот за транспорт Владо Мисајловски и на сите други структури во државните институции кои требаше да помогнат во различни фази да се донесе овој инвеститор во Македонија, во Македонски Брод. Ова е од исклучителна важност за Македонски Брод. СДСМ затвораше фабрики, ние отвораме фабрики. Македонски Брод ќе стане место каде ќе се произведуваат ресурси за армиите на НАТО и САД, со што ќе се обезбедат најмалку 200 нови вработувања. Е ова ги решава проблемите на луѓето, ова е она во што сакаат да не успорат, да не попречат, но нема да успеат. Продолжуваме со жестоко темпо напред. Одиме на победа. На 11 декември народот ќе одговори, следува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, истакна Груевски.-За да се ветува нешто потребно е да се има кредибилитет. И секако тука запрашајте се, кој навистина има реализирано проекти, кој навистина решава

Пронајдете не на следниве мрежи: