Груевски: Бараме ден поскоро да има локални избори, тоа е добра шанса и за предвремени парламентарни избори

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е ден порано да се организират локалните избори. Најблизок рок е 45 дена од носење на закон со кој ќе се одреди тоа. 45 дена од понеделник е 2-ри јули, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по вршењето увид во градежните работи на Градскиот стадион Филип Втори во Скопје.-Затоа апелот на ВМРО-ДПМНЕ е да се одржат локалните избори на 2-ри јули првиот круг и 14 дена подоцна вториот круг. Она што го гледаме од другата страна е дека немаат расположение за брзи локални избори, инаку ако имаат би го прифатиле овој рок, но очигледно е дека имаат недостаток на самодоверба и се плашат дека ќе ги загубат и бараат колку што е можно подолг период да се пролонгираат, така што од тие причини ние оставивме отворени уште два термина во септември 17 и 24, и последен како најдалечен што би можеле да го прифатиме е 15 октомври. Се понатаму ќе биде грубо кршење на демократските процеси во смисла на редовно одржување на редовни локални избори и покажување на огромен страв и бегање од локалните избори и соочување со народот, нагласи Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ апелираше локалните избори да се одржат колку што е можно порано, по можност на 2-ри јули.
-Треба да заврши оваа изборна атмосфера за да можат и компаниите во една порелаксирана атмосфера понатаму да продолжат да работат во земјата. Да падне тенизјата од избори кај сите граѓани, кај сите компании и едноставно сите да сме фокусирани кон развој на државата, на развојни проекти, додаде Груевски кој вели дека не знае по кој основ СДСМ во нивните изјави споменувале локалните избори да се одржат следната пролет.
-Со тоа покажуваат дека се преплашени од соочувањето со граѓаните. Преплашени се и затоа што направија многу грешки и работи спротивни на интересите на народот и сега се плашат да излезат затоа што народот едвај ги чека за да им каже што мисли за нив, сообено после изборите кога излегоа со Тиранската платформа и направија еден вид изборна измама. Сакам да потенцирам дека ова е добра шанса, кога и онака ќе се одржуваат локални избори, да се организираат и предвремени парламентарни, тоа е барање на ВМРО-ДПМНЕ, тоа останува барање на ВМРО-ДПМНЕ. Предвремените парламентарни избори ќе расчистат многу дилеми, многу нешта за кои СДСМ вели дека не згрешил и не го измамил народот, дека не постапил нешто спротивно од тоа што го ветувал, ќе може да си го верификуваат на изборите и на народот да му се даде шанса да каже што мисли за СДСМ, што за ВМРО-ДПМНЕ, што за Тиранската платформа и ваквиот начин на силување на државата и игнорирање на граѓаните кои 75 дена протестираат, дециден е Груевски.-Затоа апелот на ВМРО-ДПМНЕ е да се одржат локалните избори на 2-ри јули првиот круг и 14 дена подоцна вториот круг. Она што го гледаме од другата

Пронајдете не на следниве мрежи: