четврток, 12 ноември 2026
Најново

Груевски во бегство?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како што се чини разврската ќе биде филмска. Груевски го нема никаде. Не се јави да ја отслужи својата казна. Нема пасош, а го нема ни дома. Па каде е Груевски?
По налог на Кривичниот суд, МВР попладнево распиша потерница по Никола Груевски кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.
-Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. МВР веднаш откако му е доставена постапува по наредбата се вели во информацијата од Кривичен.
Во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката, а такви обиди беа направени и денеска.
Судот има право, ако оцени дека бега, се крие, одбегнува, да превземе мерки преку полицијата, како присилно приведување, а ако и тоа не е можно ќе се распише потерница по него.

Поврзани вести