Почнува владиниот проект на чија најава се израдуваа студентите. Најдобрите студенти ќе добијат бесплатно патување на атрактивна локација- Париз, Венеција и Барселона.– Токму за оваа мерка деновиве повторно зборувавме на Владата. Усвоивме уште една информација во правец на прецизирање на деталите поврзани со оваа мерка. Мерката почнува веќе од следната година. За сите студенти на првите три рангирани универзитети во Република Македонија согласно ранг листата што ја прави Шангајскиот универзитет секоја втора година. За сите студенти што имаат просек над 9,5 на првите три рангирани универзитети бесплатно патување со авион и ќе го покрие целото патување вклучувајќи го сместувањето, храната, авионскиот превоз и се останато што влегува во еден таков аранжман на три дестинации за кои проценивме дека се меѓу најатрактивните за патување на младите. Тоа се Париз, Венеција и Барселона. Ќе има две тури годишно. Едната ќе биде некаде во периодот мај-јуни, втората во периодот септември, најдоцна почетокот на октомври. Секој оној кој во претходниот период ги завршил испитите, а се уште нема дипломирано или ако воопшто на факултетот нема дипломирање, има некои факултети каде кога ќе ги завршите испитите добивате и диплома, по завршувањето на последниот испит и земањето на уверение за дипломирање, секој којшто има над 9,5 просек на првите три рангирани универзитети ќе добие наградно, целосно бесплатно патување на една од овие три дестинации, истакна премиерот.
Груевски потенцира дека тоа е поттик за младите да се борат, да имаат подобар резултат во своето учење, да акумулираат повеќе знаење и да имаат една награда повеќе и еден стимул повеќе, иако има многу други стимули коишто низ животот ќе им помогнат ако имаат апсорбирано знаење низ своето високо образование.
-Ние сакавме да излеземе со уште една понуда за нив, за да ги охрабриме, да стекнат повеќе знаење и со тоа да добијат повисоки оценки и да го добијат и ова бесплатно патување, заклучи Груевски.– Токму за оваа мерка деновиве повторно зборувавме на Владата. Усвоивме уште една информација во правец на прецизирање на деталите поврзани с