Претседателот на Владата и владеачката партија, Никола Груевски, вечерва на престојниот митинг се обрати пред граѓаните на општина Аеродром и градот Скопје.
Тој ги претстави сите претходни проекти и дела на општината Аеродром и градот Скопје, како и идните проекти и дела кои кандидатот за градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски ги предвидува во својата програма.
Тој потсети дека како што треба да се гласа за кандидатот за градоначалник на општината така треба да се гласа и за советничката листа.
„Како што го поддржувате кандидатот за градоначалник на општината, така треба и листата на советници, бидејќи праксата покажа дека каде што СДСМ работеше во советничката листа во општините, секогаш ги саботираше проектите на градоначалниците и општината. Целта на таа партија беше диригирана од централата и имаше намера да ги саботира проектите кои се важни за граѓаните. Тие беа против капиталните инвестиции во Аеродром, против игралиштата, спортските сали, парковите, булеварите, улиците“, рече Груевски.
Покрај тоа, тој потсети дека СДСМ изминативе неколку дена пред избори, користи најразлични манипулации само за да ги збуни граѓаните.
„На Бранко и СДСМ им е јасно дека народот не ја гледа иднината во нив. Тие се дел од грдо минато, кога тие ја имаа довербата на граѓаните, а во тој период гледавме само криминлни дела, во кои самите тие беа вклучени. Тие ветуваа по еден вработен во секое семејство, но наместо тоа тие оставија на улица цели семејства, создадоа слика на сиромаштија и невработеност. Тоа е време со кое овие луѓе станаа свесни дека не може да говорат повеќе за иднината“, додаде Груевски.
Тој му порача на Бранко Црвенковски нека моли Бога да не дојде до предвремени парламентарни избори, за кои говори на своите митинзи, бидејќи тогаш тој и СДСМ ќе изгубат многу повеќе отколку сега на локалните избори.
Претседателот на Владата и владеачката партија, Никола Груевски, вечерва на престојниот митинг се обрати пред граѓанит