Кај никого досега не забележав страв од фактот што се формира СЈО, кое треба да истражува што се случило во некои ситуации од нивното работење. Тоа ме охрабри и ми потврди дека луѓето навистина работеле посветено и чесно. Но кога се видоа методите со кои почнаа да работат, а за кои сега кажав, нормално се појави загриженост кај луѓето кои се таргети на СЈО и СДСМ, но и кај останатите што го следат процесот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мега интервјуто за Телеграф.мк.-Но, бргу потоа кај голем дел таа загриженост и стравот поради непрофесионалното и пристрасно работење на луѓето во СЈО помина, откако разговаравме и сфативме дека со вакви методи тие не можат да успеат. Можеби кај некого сè уште има страв дека со злоупотреби на функциите ќе му наштетат, но многумина од нас на луѓето што користат вакви методи гледаме како на прочитан буквар, кој постапувајќи со омраза и партиски мотиви, само ќе нè направи посилни, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Всушност, додаде Груевски, целта на луѓето од СЈО, меѓу другото, беше да внесат страв.
-Мислам дека тие не ја прочитале нашата историја, ниту добро ја познаваат нашата религија. А најмалку од сè, нас лично. Или имаат тотално погрешна перцепција за нас или така сакаат да мислат заради лични партиски мотиви.-Но, бргу потоа кај голем дел таа загриженост и стравот поради непрофесионалното и пристрасно работење на луѓето во СЈО помина, откако разговаравме