Ние сме карактеристични по многу работи, особено по залагањето и трудот, по нашата посветеност и одговорен пристап. Многу значајно помеѓу сето тоа е една од нашите главни карактеристики а тоа е грижата, залагањето и бранењето на националниот и државен интерес.Ова вечерва го изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека секогаш во фокусот на владата е Република Македонија.
-Секогаш, секаде сме се залагале и ќе се залагаме за оваа врвна вредност, секогаш во нашиот фокус е државата, нашата држава Македонија. Она за што се бореле генерации и генерации да го зачуваме, да не го загрозиме и да го развиеме и предадеме сигурно на генерациите што следат. Членството во НАТО и ЕУ се наша стратегиска определба и покрај сите критики ние цврсто чекориме на тој пат и даваме резултати. Главен предизвик и фокус на ЕУ во моментот е мигрантската криза со чии последици и ние се справуваме, од друга страна ние продолжуваме и не отстапуваме од нашата реформска агенда за членство во Европската Унија и НАТО, тоа е важен процес на кој ние имплементираме мерки и закони, посочи Груевски.Ова вечерва го изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека секогаш во фокусот на владата е Република Македонија.
–