Груевски: Чувствувам одговорност да му помогнам на народот по најголемата природна катастрофа по земјотресот од 1963

Големината на невремето кое што го зафати овој регион, навистина е нешто што може да се споредува со многу големи вакви несреќи од минатото. Имено, зафатени се околу 5.000 домаќинства, 93 литри на метар квадратен се наврнати за само час до два, опфатен е голем регион, и не случајно експертите велат дека вакво нешто се случува еднаш во 1000 години. Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска гостуваше во вестите на Сител.-Самиот тој факт што станува збор за несреќа која се случува еднаш во 1.000 години, укажува на тежината на проблемот со кој се соочуваме. Се чини дека ова е најголема несреќа, најголема катастрофа по земјотресот во 1963 година, барем од она што луѓето го паметат, и има голема тежина и огромни проблеми создаде, додаде Груевски.
На пример, посочи тој, во Србија се уште се чувствуваат последиците од минатогодишните поплави, се уште не е се до крај расчистено- голем дел е завршен, но еден дел е се уште во фаза на изработка.
 
„Додека другите кажуваат како да се помогне со парите кои не се нивни, ние помагаме со лични донации“
Додека другите политички партии кажуваат како да се потрошеле парите коишто не се нивни, ние се фокусиравме на тоа да помогнеме со наши средства, со сопствени средства на сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
-ИК испрати апел до сите функционери на партијата на локално и централно ниво да одвојат барем по 30% еднократно од својата заработувачка и на тој начин да се помогне. Почна процесот, уплатите почнаа. Работите одат добро, очекуваме во текот на следната недела да заврши таа операција и потоа да се помогне на тие средства директно на луѓето коишто се погодени од целата оваа работа.
 
„Јас сум лидер на најголемата партија, имам одговорност да помогнам на народот и затоа сум на терен“
-Прво ќе кажам дека ако не координирав и не излегов на терен, критиката ќе беше зошто не сум излегол и не сум помогнал. Ако излезам и помогнам, зошто сум излегол и помогнал. Тоа е секогаш така со нашата опозиција и со медиумите блиски до нив. Она што сакам да го истакнам е дека јас сум претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија, којашто на последните избори доби 480.000 гласови. Во кампања и во избори кои лично ги предводев како претседател на таа партија и имам одговорност покрај тоа што имам искуство во вакви ситуации, да помогнам, да излезам на терен со сето мое знаење, капацитет и искуство што сум го стекнал досега, да не седам пасивен и да бидам тука со идеи и со предлози и со се што можам и на начин на којшто можам да помогнам. Се вклучив и директно, како и илјадници други луѓе на кои сум им благодарен за тоа што го прават и исто така изразувам огромна благодарност до компаниите кои помогнаа со механизација и разни машини. Се вклучи АРМ, полицијата на Република Македонија, градоначалниците со нивните комунални претпријатија, градот Скопје со комуналните претпријатија… широк опсег на помош од сите страни кој јас и моите соработници од ВМРО-ДПМНЕ се трудевме максимално да го поттикнеме, да ги мотивираме луѓето да излезат. Моето директно вклучување во расчистување на куќи, дворови и подруми беше и еден вид повик и другите да го прават тоа, изјави Груевски.-Самиот тој факт што станува збор за несреќа која се случува еднаш во 1.000 години, укажува на тежината на проблемот со кој се соочуваме. Се чини д

Пронајдете не на следниве мрежи: