Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со претставници на македонската компанија Технопласт.Средбата ќе се одржи во просториите на Владата, а по истата ќе следува потпишувањето на договорите за реализацијата на инвестицијата на компанијата Технопласт.
Ова е втора македонска компанија со која се потпишува договор за инвестирање во технолошко-индустриските зони.
Пред четири дена Владата потпиша договор со македонската компанија Хајтек која ќе инвестира над 20 милиони евра, а ќе овозможи вработување на вкупно 300 лица од кои 100 во првата година.
Сопственикот на Хајтек, Саво Станковиќ по потпишувањето истакна дека станува збор за втор по значење историски настан во 36-годишното постоење на компанијата, бидејќи, вели, дава можност за натпревар на европско ниво во сопствената земја без какви било ограничувања.Средбата ќе се одржи во просториите на Владата, а по истата ќе следува потпишувањето на договорите за реализацијата на инвестицијата на компанијата