Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски денес (27 мај 2016та година) оствари средба со Директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија г-дин Кристијан Даниелсон.Соговорниците разговараа за актуелните политички теми и случувања и предизвиците со кој се соочува земјата, како и за европските интеграции на државата и реформската агенда поврзана со нив.
Груевски посочи дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ претставува нормализирање на политичката ситуација и внесување на сигурност кај граѓаните и на тој план исклучително важно е враќањето на патеките на напредокот и економскиот просперитет.
-ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува процесите кои значат унапредување на стандардите во секоја област и притоа секое решение важно за иднидната на државата треба да биде базирано на волјата на граѓаните, истакна Груевски.
Во однос на изборите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека актуелната влада има легитимен мандат до 2018та година, но како партија ВМРО-ДПМНЕ е подготвена тие да се одржат и порано доколку опозицијата изрази спремност да излезе и се соочи со граѓаните.
Груевски посочи дека во меѓувреме ќе се продолжи со работите и активностите кој ќе значат зголемување на довербата и кредибилноста на изборниот процес.
Во однос на интегративните процеси Груевски посочи дека стратешки интерес на државата претставува членството во Европската Унија и Нато алијансата. Акога станува збор за европските интеграции Груевски истака дека во периодот што следи ќе има интензива агенда во поглед на исполнување на сугестиите од извештајот на Прибе и продолжување на реформите кои значат подигнување на стандардите во повеќе области како што е судството, безбедносните органи, медиумите, и анти корпцијата.
Тоа е наш силен интерес, и преку еден конструктивен процес ќе бидат понудени решенија кои би значеле унапредување на критериумите и принципите на работа во посочените области, изјави Груевски.
Соговорниците разговараа за актуелните политички теми и случувања и предизвиците со кој се соочува земјата, како и за европските интеграции на држа