Груевски, Димитриев и министрите се активни на терен со народот, а СДСМ најактивни на социјалните мрежи

Функционерите на опозицијата се на Фејсбук и пишуваат постови и коментари со критики, додека претставниците на власта и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се на терен меѓу народот и се трудат со сите сили да им помогнат колку што можат на граѓаните кои се најпогодени од невремето какво што не се памети.Ова е генералниот заклучок на јавноста за однесувањето и одговорноста на македонските политичари во првите часови после големото невреме во кое трагично загинаа 21 човек, а илјадници претрпеа огромни материјални штети.
„Шекеринска, глупаво е од ваша страна за се што ќе се случи да ја напаѓате власта бидејќи власта не е крива за оваа елементарна непогода, а денес не е ден да се води политика туку треба да се помогне. Тие од власта што ги окривувате се во првите редови, газат во кал и вода и гледаат да најдат решение да помогнат, а не како вас од колата да сликате фотографии и да делите критики“, стои под објавата на фан страницата на Радмила Шекеринска во која заменик-претседателот на СДСМ иако тври дека „денес е ден за акција, а не за политика“ – продолжува со водење дневна политика, наместо, како што бараат граѓаните, да им биде од конкретна помош.

Додека Шекеринска водеше политика на Фејсбук, во исто време претставниците на владеачката партија на чело со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот, министрите, градоначалниците и директорите на јавните претпријатија на терен ги согледуваа направените штети и потребите на граѓаните после катастрофалното невреме, после што ја организираа помошта која им е потребна на најпогодените.
На терен се се повеќе и повеќе претставници на армијата и специјалните единици кои помагаат во расчистување на теренот, дворовите на куќите, но и носење на храната, водата и другите намирници до луѓето во поплавениот регион. Стотици обични и вакум пумпи веќе се на располагање на жителите чии домови се поплавени, а веќе се набавени уште 1000 нови пумпи кои од утре ќе се користат за што побрзо извлекување на надојдената вода и нормализирање на теренот кој е во многу лоша кондиција после природната катастрофа.
 
Уште во првите часови по несреќата одлука за исплаќање финансиска помош на настраданите и за надомест на штетите донесоа советите на Град Скопје, општина Аеродром, Гази Баба, Охрид и повеќе други општини од државата, а јавните претпријатија сета градежна механизација ја ставија во полн капацитет во служба на кризниот штаб и граѓаните од регионот погоден со поплавите.
Организацијата на собирање на помошта и нејзина распределба оди преку повеќе пунктови, а министри од владата се назначени како координатори во населените места, директно раководејќи со акциите на службите кои се постојано на теренот.
Се распределуваат пакети со храна, вода, лекови и други намирници кои им се најнеопходни на жителите на скопските населби во кои саботното катастрофално невреме беше најнемилосрдно. Паралелно со помошта од секој аспект, се прави и процена на материјалната штета предизвикана од големите поплави, со цел што побргу да може да им се помогне на граѓаните своите домови да ги донесат во првобитната сосотјба.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со премиерот Емил Димитриев, министрите Тодоров, Спасов, Пешевски, Миноски и Мисајлоски, градоначалниците Трајановски и Трајковски, како и директорите на надлежните институции постојано и будно го следат расчистувањето на теренот и справувањето со последиците од природната катастрофа каква што Македонија не памети.
За разлика од нив, функционерите на опозицијата се повеќе на Фејсбук отколку меѓу народот. Од таму не зачудуваат и коментарите кои одат на сметка на Шекеринска, а во кои граѓаните отворено го искажуваат своето незадоволство од делувањето на опозицијата која, како што вели еден коментатор: „дури и во вакви тажни моменти ги напаѓа своите политички противници“. Тој уште и порачува на потпретседателката на СДСМ: „За жалење сте, подобро седете си дома, не треба помош од ваква личност како вас која што едвај чека да нападне некого“.

 Ова е генералниот заклучок на јавноста за однесувањето и одговорноста на македонските политичари во првите часови после големото невреме во кое тра

Пронајдете не на следниве мрежи: