четврток, 12 ноември 2026
Најново

Груевски: Досега се изградени 63 мали хидроелектрани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Досега се изградија 63 мали хидроелектрани со моќност од шеесетина мегавати кои се пуштени во употреба и партиципираат во производството на електрична енергија во Македонија, информираше денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при увидот во градежните работи на новата зграда на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, некогашно ПУИК.Посочи дека други 17 се во тек на градба или се издадени дозволи за да почне изградбата или е во тек издавање на градежна дозвола, лиценца итн.
-Вкупно 80 хидроелектрани, 63 веќе изградени, а 17 во тек на градба или во тек на подготовки за градба. Можам да кажам дека досега изградените кои се пуштени во употреба веќе вработуваат околу 100 лица, но најважно од се е дека овие хидроелектрани веќе значително партиципираат во електроенергетскиот систем на Република Македонија и тоа е еден од успешните проекти на владата досега, истакна Груевски.Посочи дека други 17 се во тек на градба или се издадени дозволи за да почне изградбата или е во тек издавање на градежна дозвола, лиценца итн.

Поврзани вести