Премиерот Никола Груевски денеска најави дека две нови странски инвестиции ќе се реализираат до крајот на овој месец, а една глобална американска во која ќе бидат вработени околу 500 лица ќе биде дополнително објавена.Премиерот Никола Груевски денеска најави дека две нови странски инвестиции ќе се реализираат до крајот на овој месец, а една глобална американска во која ќе бидат вработени околу 500 лица ќе биде дополнително објавена.
Со овие инвестиции се очекува да се отворат најмалку 500 работни места.
– „Кап-кон“ ја отвора својата фабрика наскоро. Тоа е американска глобална компанија од автомобилската индустрија. Тие се речиси готови и многу брзо почнуваат со производство. Втората е всушност втората фабрика на италијанската „Технокозе“, четири пати поголема од првата која е во самиот финиш. Веќе започнаа некое пробно производство и наскоро ќе биде отворена оваа нова фабрика. Овие две фабрики ќе вработат најмалку 500-тини луѓе, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот нагласи дека во текот на овој месец можно е да се официјализира и влез на уште една глобална американска компанија која дополнително би вработила уште 500-тини лица.
– Сепак тоа би го оставил за нив и не би го спомнал името бидејќи тие се оние што тоа треба да го објават во јавноста, рече Груевски.
Тој се осврна и на трите инвестиции што беа официјализирани последнава недела. – Првата беше „Монтанте груп“ која го потпиша договорот и во јануари почнува со градба на фабриката за амортизери на шински возила. Втората е „Гентерм“ од Америка која веќе го постави камен темелникот и ја тера градбата на својата нова фабрика во Прилеп во која ќе вработат околу 2.000 луѓе и ќе се произведуваат греачи за автомобили. Третата беше фабриката за ориз во Кочани која беше многу потребна за тој крај. Стратешки ќе ги зајакне капацитетите на сите кои се занимаваат со производство на ориз во кочанскиот регион, појасни премиерот Груевски.Премиерот Никола Груевски денеска најави дека две нови странски инвестиции ќе се реализираат до крајот на овој месец, а една глобална американска в