Растот на прометот во индустриското производство дава надеж дека работите одат во добра насока и дека ударите од политичката криза се на некој начин амортизирани, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на општина Дебарца.Одговорајќи на новинарско прашање, Груевски подвлече дека засега економијата добро се држи и наспроти сите негативни влијанија на вештачки предизвиканата криза од СДСМ.
– Она ште е значајно и радува е податокот што во овој период, во првите месеци од тековната година, прометот во индустриското производство порасна за 11,4 отсто споредено со истиот период лани. Тоа дава надеж дека работите одат во добра насока. Исто така дава надеж дека и ударите што дојдоа од политичката криза на некој начин се амортизирани. Тоа не значи дека тие немаат негативно влијание или на некој начин негативно не влијаеле, но сепак, раст од 11,4 отсто на прометот во индустриското производство значи дека економијата засега добро се држи, рече Груевски.Одговорајќи на новинарско прашање, Груевски подвлече дека засега економијата добро се држи и наспроти сите негативни влијанија на вештачки предизви