Федерализацијата која ја заговараш, рекомпонирањето на уставниот поредок, и двојазичноста се работи кои го рушат ткивото на државата.Нема да дозволиме ова сценарио кое ти е дадено да го изиграш да го спроведеш, порача од митингот во Македонски Брод лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Планови за народот без народот не бива. Затоа ни се потребни 63 пратеници, бидејќи мора да се стави крај на оваа опасна игра кој ја заговарта некој друг од надвор. 63 пратеници за зачувување на суверена и стабилна Македонија, 63 пратеници за да нема пазарења и да нема виткање на кичмата, 63 Македонци за Македонија опстои онаква каква сите ја сакаме. Кризата мора да заврши, решението на кризата сте вие граѓaните, рече Груевски.
Груевски повтори дека овие избори се референдумски.
-Сега на 11 декември трет референдум за одржување на сувереноста на унитарноста, цврстината на Република Македонија. Одлуката е лесна, бидејќи сликата е веќе јасна. На овие избори секој носи одлука по две основи. Прво, ова е одлука за тебе и твоето семејство, да одбереш кој има подобра програма, програма која е релана, програма кое е решени за твоите секојдневни проблеми. На кого можете да се потпрете, кој е поработлив и кој ја движи државата напред, кој држи до дадениот збор. Секој кој ќе си ги постави овие прашања, ќе види дека одговорот е едноставен, нема дилеми. Второ, овие избори се еден вид одлука за РМ, за Македонија која не потклекнува пред уцени, за Македонија која е силна и нема да дозвили да ја држат во тензии, да си поигруваат со нејзиниот суверенитет, со нејзината државност, Македонија во која живее горд и достоинствен народ кој е мудар, и народ кој никој не смее да го потценува. Силата на нашиот народ нас ни даваше сила да истраеме, да бидеме подобри. Народот знае каква иднина посакува за Македонија, иднина на поразвиена Македонијуа. Ние сме тука да ги штитиме вашите интереси, време е Македонија да продолжи напред, доста ја влечеа државата назад. Време е да продолжиме напред со силно темпо, рече Груевски.Нема да дозволиме ова сценарио кое ти е дадено да го изиграш да го спроведеш, порача од митингот во Македонски Брод лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Ник