Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за траспорт и врски Владо Мисајловски изврши увид во активностите на патот од Скопје кон Сончев град кој кон средината на месец јуни ќе биде пуштен во употреба.-Она што е завршено е асфалтот и сега треба да се постават оградите и да се нацртаат лентите и да се пушти во употреба, проценката е некаде дека за две до три недели некаде околу 4 километри и 400 метри пат кон Сончев град кој што ќе биде алтернатива и за Сопиште како поблиска релација кон градот Скопје ќе биде пуштен во употреба. Вкупната сума изнесува 7 милиони и 700 ијади евра нешто што долго се зборуваше во минатото дека натаму треба да се направи овој пат и тој ќе користи и за целата општина Сопиште и за новата населба Сончев град што треба да се изгради, вели Груевски.
Тој потенцираше дека тоа што го ветиле на граѓаните на Сопиште веќе е во завршна фаза и покрај ова почнува градба на патот Сопиште-Припор, како и изградбата на водоводот кој е во длабока фаза на реализија, проект вреден 2,3 милиони евра. Груевски додаде дека овој водовот се очекува да снабди со вода 12 населени места.
-Исто така во населеното место Света Петка се заврши и реконструкцијата на водоводот и се ова што го зборувам сме го ветиле на граѓаните и во нашата програма, но и на терен, рече Груевски.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски потенцираше дека до финиширање на патот останува само поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација како и да се постави ластична ограда за да може да се пушти во употреба.
-Целата инвестиција е вредна 7,7 милиони евра со дополнителните работи што се направени, со дополнителни ископи и дел од земјиштето што поради одроните мораше да го допроектираме, вели Мисајловски.-Она што е завршено е асфалтот и сега треба да се постават оградите и да се нацртаат лентите и да се пушти во употреба, проценката е некаде дека за