Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, првиот човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и македонските фудбалски херои кои синоќа испишаа историја го прославија огромниот успех и пласманот на Европското превенство кое следната година ќе се одржи во Полска.Откако им честита за историскиот успех преку социјалните мрежи, Груевски и им се придружи и заедно го прославија големото достигнување на младите фудбалери. Во честитката Груевски напиша дека Македонија е горда на нивниот успех кој донесе моменти на колективна радост.
„Покажаа на дело како се сака и придонесува за Македонија, покажаа дека трудот и посветеноста не можат, а да не донесат резултати. Тоа се вистинските херои на денешното време кои ја пишуваат историјата. Создаваат историја и ни даваат пример како да се бориме со поискусни и посилни ривали кога се работи за нашата татковина! Веруваа во себе и во Македонија и успеаа! Само напред“, порача Груевски.Откако им честита за историскиот успех преку социјалните мрежи, Груевски и им се придружи и заедно го прославија големото достигнување на младите ф