Одлуката за гласање на овие избори е многу едноставна, но е историска и многу значајна, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски од Радовиш.На една страна вели тој има политичка партија која работи, се грижи за граѓаните за зголемување на пензии, социјална помош, која носи инвеститори и отвора нови работни места, се труди ја зајакне државата. И друга политичка партија која се здружува со разни криминално разузнавачи структури и се става во нивни раце а за возврат бара само да ги донесат на власт. Тоа знам дека нема да го добијат, затоа што колку и да изгледа одлуката комплицирана, во суштина е многу едноставна. Народот ќе одбере реформи, создавање работни места, зголемување ена стандард поддршка на земјоделците. Граѓаните ќе ја одберат Македонија а не некој сценарист, рече Груевски.
Подвлече дека едната одлука е за секој поединечно и за неговото семејство, а другата е за Македонија.На една страна вели тој има политичка партија која работи, се грижи за граѓаните за зголемување на пензии, социјална помош, која носи инвеститори и