Во интервју за еден од најтиражните и највлијателните грчки весници „То Вима“ , лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочува меѓу другото, дека Грција може да има голем пријател во нашата земја.-Република Македонија нема никакви претензии кон соседите. Ова тврдење можам да го потпишам со две раце. Иднината е во соработката меѓу земјите. Минатото не можеме да го менуваме, но можеме да влијаеме врз иднината. Ова може да го очекуваме преку искрена соработка и меѓусебно помагање. Грција во Македонија може да има голем пријател. Не верувам дека некој во Грција сериозно верува во некакви стравови од иредентизмот на Македонија. Грција е земја со исклучително богата култура и од големо значење за светот, не само за регионот. Тврдењата дека Грција која е поголема и помоќна, стравува од Република Македонија, се неубедливи. Но еве, да претпоставиме и дека е така… јас сум подготвен да потпишам дека Република Македонија ќе ги понуди сите гаранции кои би биле побарани дека немаме никакви територијални аспирации, рече Груевски.
„То Вима“: Што се однесува до бегалската криза, границите помеѓу нашите земји станаа „жешки точки’. Дали може соработката помеѓу Атина и Скопје да биде поблиска?
-Ова е само едно од прашањата кои покажуваат дека има простор за подобрување на билатералната соработка. Република Македонија се најде во една многу тешка ситуација. Република Македонија е надвор од евро-атлантските структури. Со оглед на тоа што не сме членка на ЕУ, ниту дел од Шенгенскиот договор, ние ги немаме ниту ресурсите кои на останатите земји членки им стојат на располагање во вакви ситуации. Од друга страна се соочивме со огромен притисок на јужната граница, со тоа што илегални мигранти на нашата територија влегуваа од територија која е дел од ЕУ. Проблемот стана уште покомплексен, со тоа што од нас се бараше да ги штитиме земјите членки на ЕУ кои се крајна дестинација на илегалните мигранти. Токму оваа тема покажа дека далеку полесно ќе се справевме со проблемот, доколку и Република Македонија беше земја-членка на ЕУ. Вака, требаше сами да се штитиме себе си, но и да внимаваме на почитување на сите меѓународни конвенции за човековите права. Ние во повеќе наврати алармиравме дека располагаме со лимитирани капацитети. Беше сосема јасно дека ќе дојде моментот кога ќе треба да се воспостави поцврста контрола на границата. Јас сум свесен дека ниту Македонија сама, ниту Грција сама не може да го решат проблемот. Проблемот е глобален и мора да му се пристапи глобално. Ве уверувам дека заеднички можеме многу повеќе да сториме, низ соработка, транспарентно, без стравувања, заеднички, дополни Груевски.-Република Македонија нема никакви претензии кон соседите. Ова тврдење можам да го потпишам со две раце. Иднината е во соработката меѓу земјите. Ми