Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денес оствари средба со германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл.Соговорниците разговараа за актуелните теми и позиции поврзани со создадената криза од страна на опозицијата и идните чекори за нејзиното надминување. На средбата беа разгледувани различните аспекти на кризата како и различните можности кои би довеле до нејзино разрешување, информираат од партијата.
Во однос на актуелната политичка криза претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека партијата е посветена кон изнаоѓање на решенија кои би значеле брз излез од наметната политичка криза. Груевски посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е граѓаните да имаат можност да избираат помеѓу политичките субјекти, и квалитативно да ги вреднуваат нивните политики и чекори.
При носењето на одлуките ВМРО-ДПМНЕ се води од начелата содржани во Уставот, Законите и волјата на граѓаните притоа штитејќи го интересот на државата и затоа е потребно изнаоѓање на решенија со кој брзо ќе се надмине кризата и ќе се врати државата на патеките на напредокот и економскиот развој, истакна Груевски.
Тој посочи дека за тоа е потребна функционална влада со полн легитимитет за реализација на ветените проекти од програмата и враќањето на сигурноста кај граѓаните при што ќе се помогне и во реализација на реформите кои произлегуваат како обврска од извештајот на Прибе важни за реализација на евроинтеграциските процеси.Соговорниците разговараа за актуелните теми и позиции поврзани со создадената криза од страна на опозицијата и идните чекори за нејзиното надминува