Македонија не е ослободена ниту пак изградена од страв, напротив од сопствени залагања, од сопствени сили, сопствен труд, сопствени жртви и силен стремеж за слобода. Победата, слободата, напредокот, развојот и успехот е нашата финална цел, а до неа се доаѓа со почитување и спроведување на основните вредности, со стратегија и тактика, но и со оператива и со многу труд и работа, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето на традиционалната Илинденска средба што се одржа во потпелистерското село Трново.– Лесно е да седиш, отстрана и да набљудуваш, уште полесно е да критикуваш и да бидеш деструктивен, да плукаш по се што се прави, создава и гради, само да зборуваш, а ништо да не правиш, и тоа го знае мнозинството од овој народ. Јас знам дека местото на политичарот е помеѓу народот, на секоја педа македонска земја, на секоја улица, во секој град и село со народот и со неговите проблеми и не само кога е лесно туку и кога е тешко, кога има мака и кога треба да му се помогне и да му се помогне, посочи Груевски.
Тој додаде дека секоја неискрена критика, лага и манипулација која ја сервираат, како што вели, неработниците и интригантите завршува во првиот момент од нивното зачекорување меѓу народот.
– Го чувствувам презирот со кој стотиците илјади луѓе со кои се среќавам низ целата држава го имаат кон секој оној кој со кодошлак, со страничен елемент, со неработа и со критика само заради критика, а без суштина сака да оствари своја лична теснограда цел на штета на интересот на државата Македонија, вели Груевски.
Пред учесниците на сенародниот собир во Трново, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вети уште поинтензивна работа, прогами и стратегии од интерес на граѓаните.
– Јас на овој празник ветувам дека додека ме држи последниот атом од силата ќе работам за да остварам што поголем број ветувања што сум ги дал, ќе решиме што поголем број проблеми, ќе направиме што поголем број проекти и дела, успеси за Македонија, за секој нејзин поединец, за народот. Народот е силата што ја создава државата и кој ја брани и развива таа држава. Народот е господар и така ќе биде се додека постои ВМРО затоа што ВМРО е Македонија, ВМРО е дијаспората, ВМРО е историјата и ВМРО е иднината, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Низ годините и децениите ВМРО, посочи, стана повеќе од организација, стана код на македонската борба за слобода и успех, стремежот на секој Македонец и граѓанин на Македонија за успех, за победа, за отпор кон неправдата, ВМРО е синонимот за државност, за патриотизам, за слобода и независност на Македонија.
– Знам дека македонскиот народ едвај чека да добие шанса, да се произнесе за се она што го гледа во изминатиот период, да го даде својот глас, да излезе на слободни фер избори, да каже дека граѓаните на Македонија се господари на ова парче земја, дека овде живее народ што знае што сака и знае што прави. Нашиот народ знае да цени и расудува, знае да носи мудри одлуки, а наша обврска е тоа да се овозможи најбрзо што можно за да можат сите да одлучат без никаков притисок, директен или индиректен, од никого и од никаде за да има празник на демократијата, истакна Груевски на собирот во потпелистерското село Трново.
Пред присутните гости од државата и странство, на собирот во Трново свои пригодни обраќања имаа претставници на организаторите на традиционалниот илинденски настан, Матица на иселениците од Македонија, Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Сојуз на Македонците од егејот „Македон“, општина Битола и Светскиот македонски конгрес, чиј претседател Тодор Петров и во оваа прилика потсети на значењето на празникот, на политичките состојби со кои се соочува државата од меѓународен аспект.
– Македонската историја повеќе не се пишува во Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон, Москва. Историјата ја пишуваат Македонци на македонски јазик и тука во Македонија. Македонија не е протекторат на ЕУ ниту на САД, странските амбасадори мора да престанат да се мешаат во внатрешните работи на Македонија поради ризикот персона нон грата, порача Петров.
Традиционалната семакедонска средба во Трново беше збогатена со богата културно-уметничка програма.– Лесно е да седиш, отстрана и да набљудуваш, уште полесно е да критикуваш и да бидеш деструктивен, да плукаш по се што се прави, создава и г