Груевски и во 1 часот по полноќ на протестот пред судот

И во 1 часот по полноќ, на протестот беше присутен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој  изјави дека акцијата на МВР е „последниот чин на пресметка со слободномислечкиот граѓанин кој искажал став против тиранската платформа, кој мисли македонски и се грижи за државата“.
 
 Груевски побара „итно и безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, малтретирање, терор и иживување и ослободување на сите лица кои се цел на политички прогон“.
Ова е последниот час кога ќе треба да се реагира, да се заштитат луѓето, затоа што правдата е на наша страна, ова е борба на народот за својата држава против хунтата на власт која ја води оваа заробена држава, рече Груевски.

-ВМРО ДПМНЕ ја води таа битка за правдината и битка за татковината, ние ќе биде на чело на таа битка со идеја и чест и со име, таа битка ќе биде тешка и долга, но таа битка ќе се добие. Таа мора да резултира со победа, ние ќе бидеме гласот и во ова време невреме, оние кои чувствуваат страв и во изобилство го сервира оваа ненародна власт на Заев. Ние ќе бидеме на браникот на татковината, да ги браниме слободата и патриотизмот на народот, секаде со народот тоа е нашата максима, на улиците, по домовите секаде каде што треба. Бараме безусловно запирање на сите овие процеси на овој политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и иживувањата кои го прави СДС, истакна Груевски.
 Груевски побара „итно и безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, малтретирање, терор и иживување и ослободување на сите лица

Пронајдете не на следниве мрежи: