среда, 25 ноември 2026
Најново

Груевски и Заев денеска на суд за „Насилство во Центар“ и „Поткуп“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржат рочишта за случајот „Насилство во Центар“ во кој обвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и за „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев. Груевски треба да се појави во суд за обвиненијата за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. Во предметот на СЈО „Насилство во Центар“, покрај Груевски, обвинети се уште 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.
Претходното рочиште на 28 септември беше одложено поради отсуство на двајца обвинети.
Заев во „Поткуп“, пак, е обвинет дека во својство на градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.
Претходното рочиште, на 27 септември, беше одложено поради отсуство на судијката Дијана Груевска-Илиевска.Груевски треба да се појави во суд за обвиненијата за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 годи

Поврзани вести